Гимназијалците даруваа крв

Гимназијата Гоце Делчев во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска организираше крводарителска акција. Во втората по ред  годинава доброволна акција се пријавиле рекорден број на ученици досега, повеќе од 170 , велат надлежните.

-Интересот оваа година е најголем, има пријавено 176 крводарители од кои веројатно повеќе од 100 ќе даруваат крв, а дел од нив ќе бидат веројатно и вратени зависно од нивната здравствена состојба, изјави Драган Илиевски,  Гимназија „Гоце Делчев “

Учениците со порака до своите врсници со својот хуман гест  да спасат нечиј живот.

Во гимназијата Гоце Делчев во Куманово годишно се организираа по две крводарителски акции. Ова е традиционална активност која се реализира последните неколку децении.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)