Гимназијалците солидно го владеат англискиот јазик

Средношколците од Гимназијата „Гоце Делчев“ ги очекуваат резултатите од полуфиналето на меѓународниот натпревар во организација на здружението „Глобал Хипо“ кое што се одржа во Скопје.  На натпреварот има вкупно пет категории во кои учество можат да земат ученици од 10 до 19 годишна возраст. Гимназијалците по втор пат учествуваат на натпреварот. Минатата година најуспешниот претставник на гимназијата беше Стефан Соларски кој во конкуренција од над 2 000 ученици го освои шестото место на натпреварот во Италија, државата која е домаќин на финалето на натпреварот. Оваа година за пласман во полуфиналето за учество се изборија учениците Матеја Познановиќ и Мартин Ивановски од прва година, од втора година Теа Мисевска и Анита Стошевска, од трета година Младен Давидовиќ и од четврта година Дамјан Поп Арсов и Никола Кипријановски. Учениците се под менторство на професорките Силва Митовска, Александра Маневска, Мери Маневска, Благица Цветковиќ и Елена Марковска. Натпреварот се состои од повеќе рунди кои учениците треба да ги поминат и да покажат поголемо знаење, не само од средношколците од државата, туку и од останатите држави во регионот.  

-Се состои од прелиминарна рунда кое се одржа во нашето училиште на петти март за сите средни училишта од градот. Потоа кој помине во таа прелиминарна рунда преминува во полуфинална рунда која беше во Скопје во основно училиште Александар Македонски на втори април годинава. Кај нас беа пријавени над 40 ученици во полуфинале, поминаа 10 ученика во две категории хипо 4 и хипо 5, вели Елена Марковска, професор по англиски јазик, Гимназија „Гоце Делчев“

Професорката по англиски јазик во Гимназијата, Марковска, посочи дека е задоволна што учениците покажуваат одлични резултати со оглед на тешката конкуренција. Марковска се надева дека и оваа година гимназијата ќе има свои претставници во финалето во Италија, кои би го повториле или би го подобриле минатогодишниот успех.

-Бидејќи е меѓунареден натпревар учество земаат поранешните Југословенски Републики впрочем сите држави од балканот, Албанија, Бугарија, а оваа година и Романија како гостин. Инаку помеѓу главните организатори е Италија која што го нуди местото на одржување на финалето. Секоја година финалето се одржува во Лидо Ди Есоло градот и оваа година ќе биде таму на 14 и 15 мај, вели Елена Марковска, професор по англиски јазик, Гимназија „Гоце Делчев“

Ученикот Младен Давидовиќ кој се натпреварува  по втор пат, минатата година не успеа да помине во финале, но за оваа смета дека има шанси да биде помеѓу најдобрите од регионот. Давидовиќ посочи дека наставата на англиски јазик во гимназијата е на високо ниво со што учениците се подготвени рамноправно да се натпреваруваат со своите врсници од било кое училиште.

-Јас лично сум задоволен од својот резултат исто така е добро што ни се пружа можност да учествуваме на вакви натпревари каде што можеме нашето знаење да го покажеме на меѓународно ниво, вели  Младен Давидовиќ, ученик во Гимназија „Гоце Делчев“

По соопштување на резултатите од полуфиналниот натпревар доколку поминат гимназијалците имаат цел месец да се подготват за финалето и да се вратат со посакуваните резултати.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)