Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ учествуваа на Државен натпревар во стрелаштво кој се одржа во Охрид, каде се натпреваруваа во екипна машка и женска конкуренција.
Во машка конкуренција гимназијалците се вратија со освоено второ место, додека на прво место се учениците од Прилеп, а третопласирани се средношколците од Скопје.
Во поединечна конкуренција имаме освоено петто место, Стефановски Стефан, ученик од IV-7, птооа седмо место Јовановски Златко ученик во II-4 и Златановски Антонио, ученик во II-1. Значи три наши стрелци се во најдобрите десет што сметам дека е солиден резултат, имајќи во предвид дека посебно овие од Прилеп и Скопје се ученици кои повеќе од пет години имаат тренирано во стрелачки спортски клубови, а ние за жал такви можности немаме тука во Куманово – изјави Драган Илиевски, наставник во Гимназија „Гоце Делчев“.
Гимназијалците од Куманово имаат можност преку вонучилишните активности да го усовршуваат стрелаштвото како спортска дисциплина, а наставникот Илиевски вели дека е задоволен од заинтересираноста која учениците ја покажуваат за овој спорт.
Секоја година речиси по десет групи се пријавуваат за стрелаштво, меѓутоа тоа е како проектна активност и нема можност сите ученици да бидат обучени и оспособени за прецизно гаѓање, меѓутоа секогаш наоѓаме можности да одреден број на ученици, посебно тие најдобрите да ги мотивираме,д а ги подготвиме и да земат учество во државен антпревар, на кој резултатите се навистина фантастични, еве тој првиот ученик има 170 круга, тоа значи дека просек му е 8,5, тоа значи дека тој погодува само во црно, 10, 9, 8, 7, друго не погодува – додава Илиевски.