Гимназијалци во посета на Санкт Петербург

Ученици од гимназијата Гоце Делчев во сабота ќе заминат на еднонеделна посета во збратименото училиште Гимназија 13, во Санкт Петербург, Русија. Шеснаесетчлената делегација ќе присувствува на часови и ќе посети повеќе знаменитости во Русија. Целта на посетата е да се популаризира рускиот јазик.

-16 члена делегација заминува од кои 10 се ученици, 5 професори и директорот на училиштето, од кои имаме и претставник на Советот на Куманово. Секогаш се наоѓаат теми за разговор, ние веќе сме зближени како семејство сме во главно тоа се разговори околу подобрување на образовниот систем во двете земји и популаризација на рускиот јазик во Македонија-изјави Биљана Коцевска, професорка по руски јазик.

Делегацијата ќе учествува и на меѓународната конференција на тема Дијалог на два јазика, две култури, како еден од правците на социјално проектирање во образовната установа. Планирани се и други семинари и средби со повеќе претставници од образовните институции на Санкт Петербург.

-За жал не сите што ќе заминат во Санкт Петербург го изучуваат рускиот јазик, половина го изучуваат, меѓутоа радува фактот дека сите имаат желба да го говорат јазикот-нагласи професорката.

Соработката помеѓу кумановската гимназија и училиштето од Санкт Петербург започна во 2009 година. Според податоците на рускиот јазик, кој има богата културна и научна традиција, зборуваат повеќе од 400 милиони луѓе во светот.Тој има официјален статус во 6 држави и 19 меѓународни организации, а е еден од двата официјални јазици на Меѓународната вселенска станица. На рускиот јазик е напишана најголемата светска уметничка и стручна литература и е на четврто место на најпреведувани јазици во светот. Во 2013 година се  најде на второ место на најпопуларните интернет јазици.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)