Гимназијалци најдобри на Државен натпревар

Мартина Радевска, Симона Коцевска и Дамјан Ристевски се учениците од гимназијата Гоце Делчев, кои под менторство на професорката Биљана Коцевска, ги освоија трите први места на 47-от Државен натпревар по руски јазик. Натпреварот кој се одржа минатата сабота на Филолошкиот факултет во Скопје, е во организација на асоцијацијата на наставници по руски јазик, а во соработка со амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Професорката Коцевска информираше дека учениците имале можност го покажаат своето знаење во слушање, читање и пишување,  а откако успешно го поминале писмениот дел, следел усмен натпревар.

Таа нагласи дека практика од претходните години била првонаградениот ученик од Државниот натпревар да добие седумдневно бесплатно патување во Русија. Професорката се надева дека оваа традиција ќе продолжи и дека ученичката Мартина Радевска ќе има можност да отпатува во земјата чиј што јазик со љубов го изучува. Радевска нагласи дека првата награда ја прави среќна но и ја обврзува да продолжи да го подлабочува своето знаење.

Ученичката Симона Ковецска која на натпреварот освои 3-то место, истакна дека на помалите ученици им советува да го изберат рускиот јазик, кој што е еден од најубавите но и најбараните во светот.

 

Покрај на државниот, гимназијалците изминатиов период учестуваа и на неколку меѓународни натпревари, од кои очекуваат позитивни резултати.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)