Гимназијата одбележа 147 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 147 години од раѓањето на револуционерот, како и 74 годишнина од постоењето на училиштето.  Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на училиштето, Здружението на армиски и полициски ветерани, општината, советот, јавните претпријатија, политичките партии и други. Учениците говореа за ликот и делото на Делчев за кого кажаа дека бил револуционер и светла личност од македонската историја.

– Како училиште покажуваме секогаш најсолидни резултати на сите полиња, во сите натпревари, по спорт, науки, хемија, физика, биологија и останатите предмети кои се изучуваат во училиштето. Како резултат на нашиот воспитно образовен процес се и многубројните ученици кои денеска се успешни лекари, инженери, професори, адвокати и сите други професии на различни полиња. Ние имаме многу меѓународни соработки со многу училишта кои традиционално го задржуваме тоа 10 годишно соработување со гимназијата од Санкт Петербург, гимназија во Италија, Франција, сега сме многу вклучени во проектите Еразмус плус-истакна директорката на училиштето, Марија Тодоровска.  

Инаку Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник во Софија. Тој е убиен од турската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)