Гимназијата „Гоце Делчев“ го слави патронатот

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 113 години од смртта на револуционерот, како и 71 годишнина од постоењето на училиштето. Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението на бранители, општината, советот, јавните претпријатија, политичките партии и други.

Во галеријата беше презентиран видео запис за досегашните постигнувања на училиштето. Учениците говореа за ликот и делото на Делчев за кого кажаа дека бил револуционер и светла личност од македонската историја. Присутните можеа да ја видат и изложбата од цртежи, кои ги изработиле средношколците по повод патрониот празник.

-Во последните години нашето училиште бележи добри резултати на сите натпреварувања спортски, природни науки во последните две години сме меѓу првите пет училишта во однос на постигнувањата од матурата. Се обидуваме постојано да вложуваме во учениците, училиштето во рамки на своите можности-изјави Горан Димитријевиќ, директор на гимназијата „Гоце Делчев“.

Димитријевиќ нагласи дека во моментов во гимназијата се образуваат 1120 ученици, распоредени во 41 паралелка. 

Инаку Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник во Софија. Тој е убиен од турската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)