Гимназијата „Гоце Делчев“ со нова техничка опрема

Средното Општинско Училиште Гимназија „Гоце Делчев“ во новата година со нови инвестиции. Набавени се нова тура на компјутери, интерактивни (smart) табли и смарт телевизори со кои ќе бидат опремени сите кабинети во училиштето, а со што значајно се подобруваат условите за изведување на наставата. Започнато е обновување на инвентарот со прва набавка на анатомски полипропиленски столчиња, модерни и исклучително издржливи, како и нови врати и корпи за отпадоци. Набавени се нови фотокопири и апарати за печатење, за поефикасна работа на службата и во корист на наставниците. Набавена е нова клавинова и појачало за гитара за музичкиот кабинет, со цел што посолидна опременост на кабинетите. За ова делумно должиме благодарност и до Општина Куманово за набавка на нагледни средства за кабинетската настава, објавија на својот фејсбук профил од Гимназијата „Гоце Делчев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)