Гимназијата – домаќин на професори и ученици од Еразмус проект

Гимназијата „Гоце Делчев” работи на проектот „Промовирање на употреба на технологијата во образовниот процес” во рамките на Програмата Еразмус +.  За таа цел деновиве беа домаќини на гостите-професори и ученици од Португалија, Италија, Турција и Латвија, со кои спроведуваат проектни активности и разменуваат работни искуства и резултати од предвидените теми на делување. Оваа мобилност се спроведува на тема „Користење на мобилни апликации (дигитални алатки) на часовите по математика”.

Коментари

коментар(и)