Гимназијацлите дебатираа на тема „Македонија вчера и денес“

Учениците од средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ денеска дебатираа на темата „Македонија денес и утре“, а ова е втора дебата во рамките на воннаставните активности на средношколците.

Целта на овие дебати, според наставникот Зоран Петрушевски е да се развијат ораторските и дебатирачки способности кај младите во гимназијата, а истата првин започна со осврт на историското минато на Македонија, за да се дојде до сегашноста и иднината на државата според мислењето на учениците.

Целата на темата е не да дојдеме до некои изградени ставови на младите, но да учат, да учествуваат, да дебатираат, да ги искажуваат своите ставови,д а ги спротиставуваат со другите и сето тоа да биде на еден културен начин за да личи тоа на една цивилизирана расправа на луѓет, конкретно сега на млади луѓе. Ние во гимназијата цениме, конкретно јас дека идните времиња и сите рпедизвици кои што стојат перд овие и пред сите млади луѓе е токму да научат да дебатираат, токму таа култура на дебатирање многу ни е важна, еве сите случувања во нашата земја сега покажуваат колку ни е потребно едно високо ниво на политичко ниво генерално, а посебно во дебатирањето – изјави Петрушевски.

Инаку ова е втора ваква работилница годинава, а на претходната се дебатираше за полнолетството и предизвиците кои ги носи тој животен период, а вакви и слични работилници ќе продолжат да се одржуваат и во следниот период.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)