„Гласот на селото“ бара одговорност за поморот на риби во Пчиња

Здружението „Гласот на селото“, бара одговорност од надлежните институции за минатонеделната еколошка катастрофа во реката Пчиња, во близина на село Орашац, кога беа затруени околу три тони риби.

-Бараме од надлежните институции, особено од Јавниот обвинител во Куманово, да го испитаат овој случај до крај, да се изврши проценка од страна на комисијата за проценка на штети, се со цел да се надомести истата преку порибување на реката Пчиња и чистење на загадениот локалитет, стои во соопштението на здружението.

Според информациите кои здружението ги добило од терен, предизвикана е голема еколошка катастрофа со помор на риби и друг жив свет во реката Пчиња и околните села, поради  исклучена струја во пречистителна станица за отпадни води во село. Ова е констатирано и при увид на лице место од страна на Државниот инспектор за животна средина и инспекторот за заштита на води.

Здружението „Гласот на селото“,е здружение кое ги промовира културата, традицијата и убавините на руралните средини во регионот. Последните години работи на промоција на потенцијалите за рурален развој во Бислимска клисура заедно со други здруженија, асоцијации, јавни институции,бизнис сектор и локална самоуправа Куманово. По неколку реализирани проекти како што се поставување на клупи за одмор, поставување на видиковци и информативни табли, снимање на промотивен документарен филм, нашата должност е да ја информираме јавноста за случувањата кои се одвиваа по течението на реката Пчиња во Бислимска клисура во последните неколку дена, велат од здружението.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)