Глигоријевиќ потпиша за Куманово

Српскиот интернационалец Стефан Глигоријевиќ е новото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово. Станува збор за едногодишна соработка на кошаркарот со кумановскиот клуб.

Во Куманово, Глигоријевиќ доаѓа од тимот на Работнички, а претходно играше и во Блокотехна и АВ Охрид. Висок е 203 сантиметри, а има 21 година.

Ова е уште едно засилување во низа на „сино-белите“ кои претходно освен што обновија дел од договорите со старите кошаркари, се засилија и со Американците Џон Шелби и Хулио Гуити.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)