Годишен концерт на КУД „Српски вез“

Тригодишното постоење, културно уметничкото друштво „Српски вез“ го одбележа со веќе традиционален годишен концерт на кој беа претставени фолклорот, музиката и културата на српската заедница. Концертот се одржа во големата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  После три години напорна работа, борба за финансии, борба за добра организација сепак успеавме и полека стануваме реномирано културно уметничко друштво од Куманово со самостоен солистички концерт во сала со капацитет за 700 посетители, вели претседателот на КУД „Српски вез“ Далибор Китановиќ. 

Наша основна цел е да го зачуваме и презентираме достоинствено фолклорот и музиката традицијата српска, духот на српскиот народ да го зачуваме, народните носии кои ги носеле од овој крај, исто така цел е и подобро да го продлабочиме пријателството со македонскиот народ и со другите заедници во РМ, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“

„ Српски вез“  е младо друштво со голема желба и амбиција да стане вистински културен српски центар  во Македонија „ – посочуваат  од „Српски вез“.

Концертот е подржан од Министерството за култура на Република Србија, Управата за соработка со дијаспора и Србите во регионот и Министерството за култура на Република Македонија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)