Годишнина од загинувањето на Панче Пешев

На 5-ти јуни во 1944 година револуционерот Панче Пешев загинал во судир со бугарската војска во Кушкулија, струмичко. Годишнината од неговото загинување традиционално ја одбележува Сојузот на борците од Куманово. Членови на здружението денеска по повод 74 годишнината од загинувањето на борецот, положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на истоименото нижо музичко училиште во градот.

– Тој е роден во 1915 во Велес, на младата возраст на пет шест години неговото семејство се доселува во Куманово и тука го поминува детството и младоста. Тој уште младите години се истакнува со револуционерни борбени патриотски и национално –класни идеи. Од мали нозе покажува афинитет кон музиката, има посетувано музичко училиште кај Стево Мокрањац, и во триесеттите години е дигигент во КУД Коста Абрашевиќ во Куманово. Бидејќи станува член на Сојузот на комунистите на Македонија и млад истакнат скоевец, а по нападот на фашистичка Германија на Југославија, окупацијата тој во тој временски период е член на месниот комитет ги организира првите партизански одреди, и после разбивањето на партизанските одреди тој морал да отиде во илегала, односно во илегалата живее во Велес и Скопје,  изјави Цоки Ристовски, Сојуз на борци Куманово

Панче Пешев учествувал во основањето на Козјачкиот партизански одред, подоцна се приклучува на Велешкиот одред, во 1943 година станува борец на Кумановскиот партизански одред, а потоа и на Третата македонска ударна бригада.

– За жал, во мајската офанзива при враќањето од Грција во борбата со бугарскиот фашистички окупатор го дава својот живот во селото Кушкулија,  на 04 јуни 1944  година. Бидејќи е музички педагог оваа општина Куманово или градот Куманово му се одолжува на Панче Пешев со тоа што музичкото училиште го носи неговото име, изјави Цоки Ристовски, Сојуз на борци Куманово

Како борец на бригадата Панче Пешев ја компонира музиката на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, која станува и Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“. Во негова чест , Сојузот на композиторите на Македонија ја доделува наградата „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија.  Во Куманово, освен музичкото училиште неговото име го носат и една улица, месна заедница и културно-уметничко друштво .

Инаку, по ослободувањето на Македонија, неговиот татко, Никола Пешев  станал градоначалник на Куманово.

 

Коментари

коментар(и)