Големата сала подготвена за 11-ти ноември

При крај е реконструкцијата на големата сала во зградата на поранешен Комитет. Деновиве забрзано се работи на внатрешното уредување, со цел салата да биде подготвена за свечената седница, која ќе се одржи по повод 11-ти номеври, Денот на ослободување на градот. Инаку во салата веќе е поставен нов под, страничните ѕидови кои беа од иверка се заменети со гипс картон, а променето е и осветлувањето и озвучувањето. Работниците во моментот ја завршуваат бината, на која треба да се постави нова говорница и маса.

-Се надеваме дека направивме добра работа, беше доста руинирана и со Господ напред се надеваме дека во среда ќе биде се во ред, уште некои ситни работи да се завршат, клими да се стават, осветлувањето да се реши меѓутоа се надеваме дека до среда се ќе биде во ред-изјави Младен Протиќ од Североисточниот плански регион.

Тој се надева дека со друг проект до Нова година и галеријата ќе добие нов лик. Планираат истата да биде отворена и наменета за новинарите. Нагласува дека проектот веќе е добиен, останува уште да се потпише договорот.

-Ние во Куманово немаме друга освен оваа сала која ја користи општинскиот Совет, немаме поголема сала околу 300 луѓе за позначајни настани, конференции, семинари, се надеваме дека во брзо време ќе стигне и опремата за превод, не знам точно колку слушалки се нарачани,така што ќе се создадат сите услови за работа семинарска, конгресна и т.н-додаде Протиќ.

Реконструкцијата ја обезбеди Североисточниот плански регион, преку   Бирото за рамномерен регионален развој на Министерство за локална самоуправа. Тие издвоија  средства од околу 2 милиони денари, а Општина Куманово учествуваше со 347.000 денари.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)