Голема побарувачка на летните аранжмани

Кумановци ја започнаа летната сезона. Граѓаните ги искористуваат слободните денови и убавото време за релаксација и одмор. Туристичкие агенции се задоволни од почетокот на сезоната и посочуваат дека бројот на заинтересирани граѓани го држи стандардот на побарувачката во овој дел од годината, но исто така посочуваат дека резервациите за летните одмори во текот на зимските месеци станува тренд и граѓаните веќе по навика ги искористуваат тие попусти. Агенциите посочија дека поголемиот дел од граѓаните се заинтересирани за понуди со оптимални цени, но и дека бројот на туристи кои бараат поатрактивни дестинации е во пораст. Во однос на старосните граници исто така има податоци дека различните воздрасни групи практикуваат заминување на одмор во различен временски период.

-Оваа година има повеќе од лани меѓутоа уште е рано да се каже, ама се надеваме дека ќе биде поголема побарувачката од минатата година.

-Има и оние што си плаќаат пред време во јануари, декември затоа што имаше попусти за рана уплата, вели Сандра Стефановска, „Јоцо Турс“, туристичка агенција

 

-Продажбата на летните аранжмани е започната од 15 јануари. Сигурно продажбата е на ниво на минатата година.

-Во висока сезона сите знаеме дека цените се повисоки. Во ниска сезона одат фамилии со помали дечиња, пензионери, а во висока сезона одат помладиве, вели , вели Драган Трајковски,раководител на подржуница „Игуана травел“ во Куманово

Во однос на посетата граѓаните се заинтересирани за дестинации кои што се нови на пазарот. Најголемата побарувачка е за плажите во Грција, но сепак има и други дестинации кои граѓаните ги избираат во сооднос со буџетот и квалитетот на понудата. Во последно време граѓаните се сконцентрирани кон понуди кои што опфаќаат целосен третман, а избегнуваат понуди кои што дополнително бараат ангажман. Од агенциите нагласија дека големиот избор на понуди им олесунува на граѓаните во согласност со нивните можности да заминат на одмор.

Има заинтересирани патници, има добри дестинации како што се островските дестинации Левкада, Закинтос, Скијатос во Грција и сериозно добра понуда на вториот крак Ситонија каде што се поубави плажите и тоа би биле подестинации што луѓево наши не ги посетиле.  Има објективен интерес посебно на втор крак Неос Мармарас година, Афитос на прв крак како нова дестинација. вели Драган Трајковски,раководител на подржуница „Игуана травел“ во Куманово

Најчесто се бира со превоз и со сместување. Најчесто во Грција, исто така оваа година има голема побарувачка во Албанија . Исто така има и за Шпанија за Коста Брава со чартер летови, превоз со авион. Имаме и еднодневно капење во Грција, се оди секоја сабота и недела, Сандра Стефановска, „Јоцо Турс“, туристичка агенција

За разлика од странските дестинации кај кои побарувачката или е на исто ниво од минатите години или се зголемува, граѓаните помалку се заинтересирани за поминување на летните одмори на туристичките места во државата. Сепак се очекува дека во текот на сезоната покрај големата побарувачка за странските дестинации да се зголеми и побарувачката за домашните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)