Голем интерес за билетите за Денови на комедија

Традиционално како и претходните години голем интерес предивикаа билетите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Пред билетарницата на Центарот за култура  денеска можеше да се забележи редица на заинтересирани граѓани љубители на театарот.

Центарот за култура веќе информираше дека кумановци ќе можат да набават по два билети за секоја претстава, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Фестивалот започнува на 28-ми наредната седмица, со претставата Приватни животи на театарот од Винковци.

Коментари

коментар(и)