Голем интерес за вакцинација во Куманово (ВИДЕО)

Голем е интересот за вакцинација во Куманово. Досега вакцина против ковид 19 примиле над 10.000 граѓани. Од Здравствениот дом кој ја спроведува имунизацијата во регионалниот центар во Куманово, информираат дека граѓани доаѓаат и без закажани термини. Последниве денови се вакцинираат и помлади, но значајна е и бројката  на жители од соседните општини. Дневно во пунктот во Куманово се имунизираат и по 1.600 лица.

-Имаме интерес и од кумановско, липковско, челопек, липково, интересот е голем. Сега падна таа граница, вчера имавме млади по 20 години кои си имаат добиено термин и ги вакциниравме-посочи д-р Снежана Јовановска, началник Здравствен дом Куманово.

-Доаѓаат на терминот што го имаат закажано на веб страницата, но има и други кои немаат термин, а сакаат да се вакцинираат. Апелирам до сите граѓани овој процес да се одвива преку закажување на термин, сите знаат или преку веб страницата или преку матичен лекар-изјави Фарук Алили, директор на Здравствен дом Куманово.

Граѓаните коишто денеска примија вакцина против Ковид 19, со апел да се следи нивниот пример.

-Немаме друг избор и начин како да се избориме против ова зло, што го нападна човештвото оваа последна година и кој размислува дека тоа е опасност еве јас се вакцинирав сега ништо не ми е-истакна тој.

-Треба да се прима вакцина, луѓето што зборуваат не примам, секој си знае за себе-вели еден граѓанин.

-Примив, се чувствувам многу добро, одлично-дополнува друг.

Во регионалниот центар покрај кумановци се вакцинираат и жителите на Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)