Голем интерес за изложбата „Самоуки 2021“ (ВИДЕО)

До крајот на месецов трае Конкурсот за пријавување на дела за учество на традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2021“ што го објави центарот за култура „Трајко Прокопиев“. За изложбата досега интерес пројавиле петнаесетина автори, неакадемски уметници, информира историчарот на уметност Роберт Цветковски.

– Интерес секогаш имало за „Самоуки“ со тоа што ова ќе биде 17-то издание или временски гледано ќе биде околу 20 години од првата изложба. Идејата на оваа изложба е обид да се промовираат неакадемските уметници кои интензивно работат и на некој начин да направиме конекција со ликовната публика и нивните творби. Оваа година се јавија на телефон петнаесетина автори, веќе шест автори имаме пристигнати дела, очекуваме до крајот на месецов да се пријавата и другите кои што се од 10 до 15 автори. Бидејќи се пријавуваат со по три дела очекуваме  триесетина дела на изложбата, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност

Селекцијата на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот  за култура, соопштуваат од националната установа.

Изложбата „Самоуки 2021“ ќе биде отворена на 10-ти јуни годинава и е дел од годишната програма на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)