Голем интерес за обуките во центарот за вработување

Повеќе од 400 невработени кумановци во текот на минатата година завршиле обуки за стекнување соодветно искуство во Центарот за вработување во Куманово. Најголем интерес работодавачите, но и активните баратели на работа пројавиле за мерката Практиканство, информираат надлежните. Невработените лица преку оваа мерка имаат можност во период од три до шест месеци да стекнат практични искуства од соодветна област.

-На ниво на Куманово беа склучени  228  договори од кои што 23 лица веќе беа вработени во текот на траењето на оваа обука, на оваа мерка. Обуката се уште трае кај одредени работодавачи, кај некои е завршена. Се надевам дека оваа бројка ќе се зголеми откако ќе се заврши обуката, односно работодавачите ќе го препознаат потенцијалот кај младите невработени лица и ќе ги вработат истите, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово

12 невработени лица на локално ниво завршиле Обука за занаети, конкретно рачно и машинско везење и плетење. Преку мерката Обука за побарувани занимања  30 лица стекнале теоретско и практично искуство за сметководители. Обуката се одвивала преку сертифицирани провајдери кои што го обезбедиле теоретскиот дел, а практичниот  се одвивал во сметководствени бироа.

-2 лица се стекнаа и со вештини од областа на банкарството, тие добија меѓународно признаени сертификати во областа на банкарството.  3 лица стекнаа и сертификати од областа на обезбедувањето. 8  лица ја поминаа обуката за напредни ИТ вештини, оваа година тоа беше Јava програмот и тестери за софтвер. 15 лица се стекнаа со сертификати за основни компјутерски вештини и успешно ја завршија обуката кај сертифициран спроведувач на оваа обука, 74 лица ја поминаа и обуката за странски јазици, тука пред се беа англиски јазик од сите нивоа како и германски јазик од сите нивоа, основно, напредно, високо ниво, изјави Димитријевска.

 Голем интерес и за Општинско корисна работа. 31 невработено лице лани било вклучено во обезбедување на услуги за лицата со посебни потреби, а други 28 лица ја завршиле обуката Јавни работи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)