Голем интерес за правото на додаток за образование

793 семејства-корисници на додаток за образование за учебната 2020/21 година поднеле барања за остварување на ова право, информираат надлежните.

Од установата соопштуваат дека тековно се врши приемот на барањата за остварување на правото на додаток за образование за учебната 2020/2021 година, за ученици во основно и во средно образование.

– Досега барање поднеле 793 од вкупно 1.870 семејства корисници на правото на додаток за образование. Со донесување на измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата во мај 2019 година бројот на корисници на правото на додаток за образование значително е зголемен како резултат на законската измена со ова право да бидат опфатени и децата кои се редовни ученици во основно образование за разлика од претходно кога беа опфатени само редовни ученици во средно образование, вели директорката на установата, Александра Арсовска.

Според податоците на центарот, ако во периодот до мај 2019 година правото на додаток за образование го користеле 770 деца, сега ова право го користат 3.588 деца од кои 2.440 се ученици во основно образование и 1.148 се ученици во средно образование.

За учениците во основно образование надоместокот изнесува 2.100 денари, додека за учениците во средно образование надоместокот изнесува 3.000 денари кој се исплаќа на квартално ниво или на секои три месеци што вкупно по дете ученик во основно образование изнесува 8.400 денари, додека за дете во средно образование 12.000 денари на годишно ниво. Овие деца, нагласуваат од установата исто така користат и детски додаток кој се исплаќа на месечно ниво.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)