Гимназијата „Гоце Делчев“ домаќин на ученици од четири држави

Група од 22 ученици и девет професори од училишта од Италија, Шпанија, Турција и Романија, неделава се во посета на кумановската гимназија „Гоце Делчев“.  Посетата е во рамки на Еразумс плус програмата, проект кој што го доби гимазијата минатата година. Истиот е насловен Мисли критички делувај мудро. Освен што ќе разменат искуства, ќе се запознаат со културата, фолклорот и традицијата на народите, учениците ќе одржат и неколку работилници на тема Дискриминација.

-Веќе бевме во работна посета во неколку држави како Италија, Шпанија, Турција и Романија. Сега тие се кај нас исто така во работна посета. Ќе се разработува темата Дискриминација и сакавме со ваква манифестација да одадеме почит така што сега се тука наши гости и наредните денови ќе им ги покажеме убавините на Куманово, Македонија но и ќе работиме на темата дискриминација- истакна Валентина Каранфиловиќ, координатор на проектот.

-Наредната средба во март ќе биде во Италија мислам дека тогаш темата ќе биде граѓанско општество, и веќе со проеткот завершуваме во април така што до крајот на учебната година ќе завршиме. Инаку професорите, учениците кои дојдоа се воодушевени од убавините од Куманово, ќе имаме можност до крајот на неделата да ги запознеме со Македонија, и исто така ќе учествуваме на работилници-дополни Мери Маневска, координатор на проектот.

Наставниците коишто се вклучени во проектот истакнаа дека учениците со задоволство учествуваат во ваквите дружби.

-Интересот за прием на гости беше прилично голем така што учениците со задоволслтво сакаат да учествуваат во вакви проекти, многу ми е драго што се заинтересирани и за работилници кои ќе престојат наредните денови-нагласи- Филип Младеновски, помошник во проектот.

Инаку на гостите од Италија, Шпанија, Турција и Романија домаќините им посакаа топло добредојде со богата културно уметничка програма, на која настапија и членови на културно уметничкото друштво Српски вез.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)