Градежен работник се бори за живот

45 градежен работник од Куманово тешко бил  повреден вчера паѓајќи од скеле на земја.  Вработен во скопскиот  Ургентен центар вчера околу 10 часот и 30 минути пријавил во полициската станица Гази Баба дека пред десетина минути било повредено лицето со иницијали З.Т. роден 1971 година од Куманово, вработен во фирмата  „Профи Инжинеринг“ ДООЕЛ Куманово кои изведувале градежни работи  на  ул.„Ташко  Караџа“. Истиот паднал од скеле од 4-ти кат на земја. По укажаната лекарска помош во ургентниот центар , бил префрлен на КАРИЛ каде од страна на доктори му биле констатирани ТТП-фрактура на десната надколеница и повреди на главата. Според информациите од полицискиот билтен повредениот е во тешка здраствена состојба, некомпактибилен и приклучен е на апарати за дишење. Увид на лице место извршиле  полициско-истражни органи  и инспектор од трудова инспекција.

Со телесни повреди вчера завршиле уште неколку  лица од Романовце во меѓусебна тепачка. Според билтенот, вчера  во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Романовце  нарушен е  ЈРМ со тепачка помеѓу повеќе лица. Од страна на увидна екипа и инспектори, а по овластување на ЈО излезено е на лице место и од извршениот увид било констатирано дека  поради нерасчистени соседски односи за патот кој ги разделува, настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка помеѓу Д.К. со неговите синови од една страна и Ф.Г. со неговиот син од друга страна. Во тепачката , насилниците од првата група се здобиле со ТП во пределот на главата и телото, а Ф.Г. со ТТП во пределот на главата. На истиот му била укажана лекарска помош во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување. СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување  на случајот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)