„Градење локални мрежи за подобрување на правата на децата Роми“

Претставници на локалното координативно тело и невладините организации денеска присуствуваа на инфо ден за презентирање на активностите од проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми”, кој го реализира Центарот за семејно и детско згрижување  од Грција,  во партнерство со Здружението за поддршка на маргинализирани заедници – Ромски Ресурсен Центар  Скопје и Центарот за ромска заедница Дром од Куманово. Проектот се спроведува 18 месеци, а  е финансиран  од  Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министертвото за финансии на Република Македонија.

-Целта на овој проект треба да произлезе зајакнување на капацитетите на локалните координативни тела но и јакнење на капацитетите на невладините организации кои дејствуваат на локално ниво во суштина проектот е и во една заедничка акција со уште два други проекти кои се спроведуваат од различни донатори, финансирани и во поддршка со кабинетот на министерот без ресор, надлежен за спроведување на националната стратегија за Ромите во суштина, конкретни продукти кои ќе произлезат од нашиот проект е подготовка на методологија за набљудување на спроведувањето на локалните акциски планови кои произлегуваат од националната стратегија упатство за примена на оваа методологија но исто така и одредени специфицирање на надлежностите на локалните координативни тела  бидејќи воочивме дека во изминатиот период нивното функционирање откљако се воспоставени се соочуваат со одредени недостатоци во однос на нивната функција но и мандат-изјава Александар Ванчовски, Центар за семејно и детско згрижување Атина.

Се работи во општините Шуто Оризари, Чаир, Куманово, Штип, Кочани, Прилеп и Тетово. Проектот се фокусира и на јакнење на функционалноста и одржливоста на организациите кои работат со Роми се со цел подобра заштита на права на децата Роми.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)