Градоначалникот бара мислење за новиот кружен тек

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски преку социјални мрежи побара граѓаните да му упатат сугестии и мислења во однос на новото сообраќајно решение за крстосницата од булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, поточно локацијата Митев мост.

-Пред да пристапиме на изготвување на финален проект го објавувам на увид на јавноста. Отворени сме за сите идеи, сугестии и ваши мислења во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение кое идната година планираме да го имплементираме во нашата општина, напиша Димитриевски. Во иднина, како што најави градоначалникот, следуват слични сообраќајни решенија на крстосницата на булеварот  „Трета МУБ“ кај градскиот пазар и локалитет Серава. Видеото може да се види на неговата страница на Фејсбук.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)