Градоначалникот ги посети мигрантите

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги посети мигрантите кои што се сместени во градската џамија. Тој истакна дека во овој момент е најважно сите хумани граѓани да им пружат помош на овие лица.

-Дојдов како граѓанин, јас како градоначалник немам никакви ингеренции во оваа хуманитарна катастрофа. Во контакт сум со Министерството за внатрешни работи и Министерство за здравство за преземање на адекватни дејства-изјави тој.

Дамјановски се надева дека што поскоро ќе се донесе законот за мигранти, при што ќе им се овозможи 72 часовен престој, како и користење на транспорни средства и побрза експедиција до посакуваните дестинации.

-Мислам дека на тој начин ќе се намали страдањето на овие луѓе. Ние како град ќе помогнеме да собереме некои хуманитарни средства и за згрижување на овие луѓе-додаде градоначалникот.

16.06.2015 migranti

Инаку во градската џамија мигрантите имаат постојана помош од бројни волонтери, како и од неколку лекари. Тие раскажуваат дека неколкумина кои имале потешки повреди, биле примени во болницата, но денеска две бремени жени наводно се одбиени на Одделот за гинекологија.

-Денеска имаме одбиено две жени бремени, воопшто не сакале да ги примат, иако мислам дека законски тие мора да ги лекуваат. Колешката беше не ги примиле затоа што се мигранти, тоа е најсрашното они се најзагрозената група на луѓе-изјави Александра Давидовска, од граѓанската иницијатива за помош на мигрантите.

Волонтерите ги повикуваат сите хумани граѓани да донираат лекови, вода и пелени за бебињата, бидејќи тие во моментов им се неопходни.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)