Градоначалникот Димитриевски положи цвеќе на спомен обележјето на Тито

Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со општинска делегација денеска положи цвеќе на спомен обележјето на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито по повод 25 Мај – Ден на младоста во поранешна СФРЈ.

Настанот е во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово, a присуствуваа повеќе почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)