Градоначалникот им посака успех на атлетичарите на светско

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска се сретна со учениците од основното училиште Крсте Мисирков, кои наскоро ќе ги бранат боите на градот но и на државата, на светско првенство за ученици кое ќе се одржи во Сплит, Хрватска.

Димитриевски им посака среќа и успех на атлетичарите. Градоначалникот на Куманово изрази благодарност до наставниците кои активно работеле со овие спортисти, но и до родителите кои им дале поддршка во достигнувањата.

-Сакам да ве охрабрам да продолжите да работите напорно, бидејќи врвните спортски резутлати се постигнуваат само со макотрпна и континуирана работа, општината стои на располагање да ви помогне во секој момент на сите во рамки на нашите можности и се надевам дека по завршување на првенството ќе се вратите во Куманово, се надевам дека ќе освоите некои награди но секако ние сме презадоволни од ова што го направивте. За нас Куманово е европски град на спортот за 2019-та година, тоа признание го добивме од европската асоцијација на градови на спортот, не затоа што имаме врвни спортски екипи во градот,т уку затоа што како град се залагаме за развој на сите спортски дисциплини и тоа во сите категории, почнувајќи од најмладите завршувајќи со пензионерите-истакна Димитриевски.

Екипното училишно светско првенство во атлетика започнува на13-тиа ќе траат до 19-ти месецов.

-Нашето училиште Крсте Мисирков располага со голем број на талентирани ученици, атлетиката ни е на прво место, бидејќи во неа сме неприкосновени на државно ниво. Со низа години наназад сме државни прваци обезбедиме пласман на училишното 23-то светско првенство кое ќе се одржи во Сплит, Хрватска од 13-ти до 19-ти мај, гордо го носиме нашиот грб, нашето знаме, ќе гледаме достоинствено да се претставиме во најдобро светло да донесеме уште подобри резултати- истакна директорот на Крсте Мисирков, Александар Јовановиќ.

Дветодделенците од Крсте Мисирков велат дека се подготвени за натпреварите. Тие очекуваат позитивни резултати, но и нови рекорди.

-Се чувствувам возбудено, мислам дека ќе го претставиме нашиот град со одлични резултати. Почнавме да вежбаме од почетокот на годината, последните два месеци сме на атлетската патека. Ние сме доста силна и добра екипа, тренираме секој ден и имаме добри резултати. Јас мислам дека можам да направам некој рекорд во трискок со 12 метри, сега на тренинг права 11 и 30 метри-вели еден атлетичар.

-Имавме многу подготовки и се надевам на добри резултати, бидејќи многу се подготвуваме, од март досега сме на отворено на атлетската патека, има дисциплина 300 метри со пречки, која ја нема тука на државното превенство и скок во далечина на која имам добар резултат 5 и 50 а се надевам да скокнам 6 метри. Очекувам добро да се претставиме бидејќи многу се подготвуваме, добри сме како екипа, добри ни се тренерите се функционираме одлично-додава друг ученик.

Основното училиште „Крсте Мисирков“ по втор пат ќе учествува на ова светско првенство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)