Градоначалникот Максим Димитриевски во Сараево

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска е во посета на градот Сараево (БИХ), каде оствари средба со заменик градоначалникот на овој град, г-дин Милан Тривиќ. На состанокот беше разговарано за претстојното триесетто Собрание на Здружението на градовите носители на порака на мирот каде членуваат и двата града, а истото оваа година треба да се одржи токму во Сараево. Исто така, на средбата се дискутирше за отпочнување на можна соработка со една од општините во Сараево со цел зголемување на заедничка соработка во повеќе области.

Општина Куманово на оваа асоцијација беше домаќин во 2015 –та година, а последното Генерално собрание се одржа во Волгоград (Русија), каде што се разговараше на темата – мир и партнерски односи на градовите-  носители на порака на мирот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)