Градоначалникот на средба со амбасорката на Србија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари прва официјална средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ. На средбата било изразено обостраното задоволство од досегашната успешна соработка, која донела долгогодишни значајни резултати, напиша Димитриевски.

Беше истакната волјата за одржување на пријателството преку соодветни решенија, кои ќе донесат високо ниво на реализација на бројни проекти. Согласно изградената добра основа, преку вложени напори за унапредување на коректните односи и продлабочување на плодната соработка, се очекува спроведување на проекти во повеќе општествени области-напиша тој.

Коментари

коментар(и)