Градоначалникот побара и доби отштета од еден денар

„Кога правдата доаѓа не прашува во каква форма доаѓа, многупати е спора но секогаш е тука.  Во случајот за кој на семејна веселба бев физички нападнат на 5-ти Април 2017 година од страна на алкохолизирани лица дојде и на моја страна. ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на огранокот на партијата во Куманово, Драган Петковски имаат обврска да ми се извинат за нанесена клевета и навреда и воедно да ми платат ни повеќе ни помалку, туку ЕДЕН денар оштета“, напиша денеска на својот профил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, приложувајќи при тоа и судски документ.

„Да, толку барав, ЕДЕН денар, бидејќи нивниот збор не вреди ниту еден денар, а нивните дела прават голема штета, се обидоа да ме дискредитираат и да ми го нарушат угледот и честа пред граѓаните во уште еден од многуте партиско – полициски монтирани постапки. Ме нарекоа насилник, криминалец, ме обвинија за настан во кој што и самиот Петковски не веруваше но по партиска задача читаше напишан текст од кујната на МВРО. Срамно и безобразно продолжуваа со приказната, а сега ќе мора да се извинат, бидејќи вистината е една, а таа секогаш излегува на површина. Секако, ќе го расчистам случајот до крај и одговорност и за насилниците но пред се за инволвираните од страна на МВР ќе има по сите основи-стои во статусот на Фејсбук на кумановскиот градоначалник.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)