(ВИДЕО) Градоначалникот се имунизираше со „синофарм“

Вакцина против ковид 19 во вакциналниот пункт во Куманово денеска прими градоначалникот, Максим Димитриевски. Тој посака што поголем број граѓани да го искористат своето право да се имунизираат, бидејќи тоа е најдобриот начин да се заштитиме себеси од оваа глобална пандемија.

-Првин сакам да се заблагодарам на сите вработени во Центарот за имунизација против Ковид во Куманово, ова е регионален центар, гледам дека организацијата е добра на високо ниво. Да ги поздравам сите здравствени работници, сите волонтери кои доаѓаат и од Факултетот за медицински науки и секако претставниците на Црвениот крст, МВР и Армијата на Република Македонија. Ние како општина Куманово ја дадовме целосната логистика за оформување на овој ковид центар за вакцинација и условите за работење како што гледате се прилично добри на високо ниво, заедно со Здравствениот дом во Кумановo-истакна тој.

Дополни дека вакцините се добри и дека верува во нивната безбедност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)