Градоначалникот се сретна со гостите од Турција, Романија и Полска

Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски денеска оствари средба со делегациите од основните училиште од Турција, Романија и Полска. Тој даде поддршка на проектот за откривање на млади таленти.

-Претходно имавме со средните училишта, Сами Фрашери, исто мултиетничко е и сега се вклучуваме во општата кампања меѓународна во однос на создавање на Европа без граници, каде сите луѓе кои имаат свои таленти, потенцијал да ги покажат да дадеме поддршка на сите оние кои тоа го заслужуваат. Ова денеска е една симболика прием на сите претставници гости на градот, мислам дека на овој начин Куманово ги отвора широко градите како град на мултикултурно опшштество еднакво за сите каде етничките, верските разлики се предност а не мана. Покажуваме добра соработка со сите држави, во средното училите имавме 6 тука има 4 учесници подржани од пректот и на тој начин ова зборува дека Македонија во однос на едукативните процеси ги отвора широко вратите за нашите нови генерации на младите талентирани деца и се надевам дека конечен успех ќе имаме-нагласи тој.

Градоначалникот на гостите им додели пригодни подароци.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)