Градоначалничката Жаклина Јовановска доби поддршка од СДСМ за уште еден мандат

Жаклина Јовановска, актуелната градоначалничка на општина Старо Нагоричане ја доби поддршката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за уште еден мандат.

Јовановска е еден од 30-те кандидати кои вчеравечер ги објави претседателот на СДСМ Зоран Заев, а коишто ќе бараат поддршка од граѓаните во своите општини на претстојните локални избори.

Како еден од можните кандидати на партијата во оваа општина, името на Јовановска  уште во февруари годинава на прес-конференција го објави Заев, што вчеравечер на седницата на раководството на СДСМ беше и потврдено.

Кандидатот за општина Куманово веројатно ќе се знае кон крајот на месец август, а во трка за градоначалничката функција се актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, претседателката на Советот, Атина Мургашанска, претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски и секретарот на општинската организација, Оливер Илиевски.

 

 

Коментари

коментар(и)