Градските гробишта ќе се прошируваат

Да се подобри одржувањето на хигиената на градските гробишта од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кое што е надлежно за оваа услуга, побара советникот Зоран Петрушевски на денешната седница на Советот на Општина Куманово. Тој побара и одговор од директорот на претпријатието дали се планира нешто во врска со гробните места, со оглед на тоа што на постоечките гробишта речиси е исполнет капацитетот.

-Второто прашање е, какви се согледувањата во однос на слободен простор за таа работа, треба да го набави општината, но тоа некој треба да го изработува, треба урбанистички да се регулира, дали таа работа се гони и дали има веќе преземени чекори, рече Зоран Петрушевски, советник

– Во однос на слободни места, имаме доволно гробни места за оваа година, пред некој месец имавме разговор, општината има откупено нова парцела спроти постоечките и веќе се работи на документација да направиме уште еден дел спроти православните, каде ќе бидат уредени, претпоставувам може да се постави нова капела и паркинг, но таа постапка е во тек и ќе видиме што е биде оваа година, рече  Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Стојчевски се согласува дека хигиената на градските гробишта не е на завидно ниво, но според него, тоа се однесува само на православните гробишта каде што обичаите налагаат оставање разни работи на гробните места, а претпријатието во моментот нема доволно екипи за  секојдневно да ја одржува  хигиената, бидејќи вработените покрај за хигиената се грижат и за правење огради, поставување споменици и слично. Тој апелираше до граѓаните на грибиштата да се придржуваат до пропишаните правила за изнесување на сметот.

Советникот Драган Петковски го интересираше како ова претпријатие годинава пријавува два ипол милиони евра загуба, а претходните години било едно од ретките кое континуирано покажувало добивка секоја година. Според советникот, средствата сигурно се отпис на некои побарувања кои ова  јавно претпријатие  вештачки ги прикажувало во претходните години.

-Кој дозволил да се направат 2,5 милиони евра побарувања ненаплатени. Овие 2,5 милиони евра се пресметани 130.000 евра ДДВ кое јп мора да ги плати или ги платило, ДДВ не може да се отпише, јп платило 130.000 евра ддв за фиктивни побарувања, дали овие побарувања се одолжени? Поведувам иницијатива да се најде причина за вакво нешто и ако има виновници да се кажат кои се зошто и како настанало оваа нешто, а не фиктивно да водиме дека оваа јп било во добивка, а цело време било во загуба. Ако овие 2,5 милиони евра ги поделиме на последните 10 години по 250.000 евра излегува дека оваа јп било во загуба дебело секоја година,  а некој прикажувал добивка, рече Драган Петковски, советник

Стојчевски појасни дека станува збор за застарени долгови на физички и правни лица вредни околу 2,5 милиони евра  или како што велат надлежните направена е корекција на вредноста.

Инаку, станува збор за долгови постари од 10 години, кои не биле наплатени, иако била покренувана и тужбена постапка, велат надлежните.

-Она што мора да го кажам во моите 10 месеци затекнав долг од 40 мил. сега е помал од 20, затекнав 6 мил.долг  кон вработение сега е 300- 400 илјади,  затекнат ддв 40 милиони – вратив три, имавме долгови кон општината од 30-40 мил.  вративме 20 милиони,само 10 месеца вративме долг од 60 мил.  денари, рече Стојчевски.

-Ќе се надоврзам на Петковски и ме интересира согласно кој закон е реализиран отписот. Гледајќи во извештајот поголем дел од должниците се физички лица, вредноста е од претпријатија во стечај 8 милиони, меѓутоа физичките лица изнесуваат 84 милиони , рече Анета Шандева Доневска, советник

-Критериумот беше за физички лица, се работи за побарувања кои се постари од 10 години,  а се оптужувани во Основен суд Куманово и голем дел од нив немаат разрешница, проблемот настан кога имаше селење на ингеренции од суд кај нотари и остануваат да висат во судот имаме 88,98 укажување на ревизијата која беше кај нас минатата година, моравме да направиме нешто за да се сведеме на тековни. Што се однесува на правни лица да се постари три години, законот така наложува, во оние постари од три години, се 80 до 90 отсто од фирми кои не постојат , рече Слаѓан  од ЈП „Чистота и зеленило“   

Зборувајќи за отписот на физичките лица, Стојчевски информираше дека станува збор за 12.000 тужби.  

По расправата, советниците ги усвоија годишната сметка и извештајот  за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за периодот  јануари – декември 2018 –та година, а беше изгласан и извештајот  за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за периодот  јануари – март 2019 –та година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)