Поројните дождови проследени со град кои во недела попладне го зафатија регионот, уништија поголем дел од насади на земјоделските површини. Најголеми штети претрпеа жителите во селата Тромеѓа, Пчиња и Студена бара. Тие велат дека вакво невреме со град не помнат ни најстарите жители и додаваат дека над 40 отсто од родот е уништен.
-Има доста уништено и жита и се што е садено и во пролетна и во есенска сеидба. Проценка не можеме да кажеме колку е уништено, но има оштетени компири, грав, пипер, патлиџани, се е оштетно за кратко време- изјави Стојанче Стошиќ, жител на село Теромеѓа.
Тие раскажуваат дека уништениот род нема да може да се користи, а оштетеното ќе треба да го расадат повторно. Инаку невремето ги зафати и селата кои што се наоѓаат во Општина Старо Нагоричане.