Графички дизајнер во „Перо Наков“

Уште еден нов профил во средното стручно училиште „Перо Наков“  одобри министерството за образование и наука, информираат надлежните од училиштето. Покрај веќе постоечките профили, деветоодделенците денеска и утре можат да одберат и да се запишат на „графички дизајнер“,за кој се потребни 45 поени. Интересот за новиот профил е задоволителен, посочуваат надлежните.

– Сакам да потенцирам дека имаме како дополнение на Конкурсот при упис и нов профил, графички дизајнер за кој имаме доста голем интерес кај учениците за овој профил, веќе имаме околу 15-16 пријавени, што е задоволително со оглед на тоа што во Скопје само 11 примаат така што мислам дека добро напредуваме, Мила Жибак Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

Новините во средното образование се спроведуваат под слоганот „Биди стручен, биди смел, оствари ја својата цел“.

И ова училиште како и останатите стручни училишта нуди профили согласно реформите кои треба да се воведат во образованието за стручните училишта.

Во економско- правната и трговска струка во  „Перо Наков“во паралелките на македонски јазик  се нудат профилите економски техничар и бизнис администратор,  додека во паралелките со албански наставен јазик се нуди и профилот правен техничар. Во овие струки ќе се воведат различни модули, сметководство, маркетинг, трговија…

Во текстилно-кожарската  струка  пак се нудат пет профили:  техничар за изработка на облека, за моделирање на облека, за дизајн на облека, техничар за обувки и техничар на моделирање на обувки.

-Задоволителен е интересот на учениците кои што сакаат образованието да го продолжат во нашето училиште, со тоа што досега имаме околу 80 ученици кои што се пријавија за двете струки што ги нудиме економско- правна и трговска струка и текстилно -кожарската струка со тоа што поголем е интересот кај економско-правна и трговска струка. Исто така во спортска академија согласно селекцијата што ја поминаа кандидатите , веќе имаме една паралелка така што уписите добро поминуваат. Се надеваме на уште поголем интерес и поголема бројка до крајот на пријавувањето денес и утре , но и во второто пријавување, изјави Мила Жибак Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

Во прва година, согласно објавениот конкурс на МОН во ова училиште можат да се запишат 714 ученици во 21 паралелка на македонски и албански наставен јазик, односно во економско-правна и трговска струка  13 паралелки и во текстилно – кожарска струка ,  8 паралелки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)