Граѓаните вознемирени од пукањата од ловната сезона

Пукотниците од огнено оружје, кои викендов ги вознемирија граѓаните на Куманово не се од вооружени дејствија или семејни веселби, туку поради ловната сезона на прелетен дивеч. Од ловечките здруженија во градот објаснуваат дека сезоната за лов на птици започнала од први август и ќе трае до 31 март наредната година, а се одвива во законски определени  ловишта. Термините за лов се од шест до десет часот наутро и од петнаесет до деветнаесет часот навечер. Тие додаваат дека кумановци се исплашени од претходните вооружени дејствија што се случуваа во градот, но нема место за страв бидејќи ловната сезона секогаш се одвивала во исто време и место и на ист начин.

-Ни се јавуваа многу луѓе за пукотниците на први а тогаш редовно и традиционално се пушта прелетен дивеч. Кај нас е практика и тоа е законски кај сите ловечки друштва првин да ја известиме полицијата во писмена форма, сите полициски станици Матејче, Сопот, Гошинце и Куманово. Известуваме од кој ден започнува ловна сезона и кога завршува и за секој излезен член на здружението мора да има дозвола за тој ден. Без дозвола ако биде фатен тој е ловокрадец иако е член-изјави Јовица Стојиќ, член на управен одбор на ловечко здружение „Шчипоња“ од Липково.

Од ловечкото здружение „Шчипоња“ ловат исклучиво крупен дивеч чија сезона на лов започнува од први октомври. Ловечкото здружение „Сокол“, пак, учествува во ловната сезона на прелетен дивеч. Тие објаснуваат дека во моментот присутни се ловџии од странство кои се дел од ловниот туризам по покана на домашните ловечки здруженија.

-Традиционално доаѓаат од Италија, Грција и Бугарија, тие легално доаѓаат со посебни дозволи и загарантирано со ловочуварска служба тоа е се легално од странците-наведоа тие.

Ловечките здруженија објаснуваат дека од први октомври започнува ловот на дива свиња и фазан, од 11 октомври ќе се ловат зајаци, а од 15 декември започнува сезоната на лов на еребици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)