Граѓаните го слават Спасовден

Православните христијани денеска го одбележуваат Спасовден, празникот на Христовото вознесување на небото, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.  Меѓу граѓаните постои верување дека четириесетдена по воскреснувањето Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Тој им рекол дека тие треба да крштеваат како што тоа го прави свети Јован и наводно исчезнал, а на местото каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.

Од кумановско-осоговска епархија сметаат дека овој празник претставува круна на сите празници кои што претходеа пред Велигденскиот пост. Голем  број Кумановци денеска ги посетија црквите во градот и запалија свеќи за здравје.

-Спасовден е многу голем празник и многу луѓе веруваат во него, за здравјето. Во селата сите го празнувааат, ништо не работат, сите одат во црква-велат граѓаните.

Инаку Спасовден денеска се славеше во селото Романовце, каде што литургија служеше кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, но и во Пчиња и во други населби низ градот.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)