Граѓаните кажаа „не“ за тиранската плаформа

Кумановци и синоќа се приклучија на маршот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„.Овој пат,граѓаните тргнаа од кај Соколански парк,поминаа низ централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Граѓаните бараат да се заштити унитарниот карактер на државата и целосно да се отфрли„тиранската платформа“.Велат дека нема да дозволат менување на химната,знамето на државата,ниту пак да се воведе двојазичност на територијата на целата држава.

Кумановци велат дека ќе продолжат со протестите и дека нема да дозволат да се менува сето она што ја чини суштината на државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)