Граѓаните напролет ќе одат по обележани улици

Напролет комплетно ќе заврши реконструкцијата,  а ќе се обележат и улиците  во градот, најавуваат надлежните. Акцент ќе биде ставен на централното градско подрачје, каде што фреквенцијата е најголема и е неопходно обележување на пешачките премини и линиите што го обележуваат правецот на движење на возилата. Факт е дека на кумановските улици, со ретки исклучоци, хоризонталната сообраќајна сигнализација е избледена или воопшто не постои поради што дел од  граѓаните се загрижени за својата безбедност како пешаци, но и како возачи.

 

За обележувањето на улиците е задолжено јавното претпријатие „Водовод“.

 

-ЈП „Водовод“ е во фаза на набавка, мислам дека е во завршна постапка, мислам дека верменските услови не дозволуваат таква операција, обележувањето ќе почне во март или евентуално во април. До тогаш ќе имаме и санирање на тековното одржување на улиците, тие две работи се компатибилни, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

 

Надлежните посочуваат дека обележувањето  на улиците во Куманово вообичаено се врши на речиси секои две години  бидејќи подлогите на улиците не се адекватно подготвени, но и самата состојба на сообраќајниците не дозволува трајни обележувања кои се и поскапи и подолготрајни

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)