Граѓаните немаат еднаков пристап до вода

6,6 проценти  од граѓаните  на општина Куманово се снабдуваат со вода за пиење од сопствени бунари и јавни чешми, а тоа пак значи дека овој процент на население нема  пристап до безбедна вода за пиење. Во однос на пристапот до  санитација односно одведување на отпадните води 21,6 проценти од вкупното населние во општина Куманово користат индивидуални септички јами,  а исто толку жители и немаат третман на отпадните води, информираат надлежните од центарот за јавно здравје. Ова го покажуваат резултатите од бодовната картичка за еднаков пристап која што ја изработува центарот за јавно здравје од Куманово.

-Рековме дека овој дел ги опфаќа и вложувањата на јавните финансискси средства за подобрување на состојбата односно на пристапот до безбедна вода за пиење и санитација . генерално за општина куманово имаме вложувања претежно насочени во подобрување на одведување на отпадните води значи на санитацијата. Во општина куманово нема направено проценка за целокупното население, имаме финансиска проценка само во однос на физибилити студија за подобрување на системот за одведување и третман на отпадни води и подобрување на водоснабдувањето во одредени рурални населби. Направена е финансиска проценка дека 15 проценти од средствата ќе бидат обезбедени од државен буџет , 85 проценти од ипа фондовите . можеме да кажеме дека во целиот сипр генерално во сите општини постои делумна таква проценка меѓутоа секогаш постои недостаток од  средства за подобрување на овој сектор и секогаш таа проценка зависи од меѓународни вложувања , донации, фондови, што не може да се предвиди кога  и кој ќе добие, изјави д-р Мимоза Величковски, Центар за јавно здравје

Бодовната картичка се состои од четири дела. Во првиот дел се собираат и се обработуваат  податоци за социо-економскиот статус во општината и секторските политики во општината односно секторот за вода и санитација во општината. Вториот дел ги опфаќа активностите кои што се однесуваат на намалување на географските разлики , односно разлики кои што постојат во однос на водата  и санитацијата меѓу руралната и урбаната средина. Според  д-р Величковски, во руралната средина 32 проценти од населението користат вода од градскиот водовод  и со самото тоа имаат пристап до безбедна вода за пиење.

-31,5 проценти користат сопствени системи за водоснабдување тоа се локални мали водоснабдителни системи каде што не постои целосна безбедност значи имаме варијации во квалитет но сепак имаат пристап до вода за пиење до домот, 31,5 проценти користат вода за пиење од јавни чешми и индивидуални бунари што не е безбедно. Од вкупното рурално населние само 23,1 процент  имаат пристап до одведување на отпадните  води , останатото населние користи индивидуални септички јами , изјави д-р Величковски.

За разлика од другите општини, во Куманово и  во Старо Нагоричане руралните водоводи се препуштени на управување од месното население ,  формирани водостопански заедници во населеното место со што се губи стручното  управување со овие водоснабдителни системи. Меѓутоа затоа на ниво на државата постојат  центрите за јавно здравје кои што имаат задача  да го следат  квалитетот на водата за пиење токму од објектите  со кои што не се управува стручно, посочуваат надлежните. Инаку,  третиот дел од бодовната картичка за еднаков пристап ги опфаќа маргинализираните групи , односно колку за овие групи е обезбеден пристап за вода и санитација и четвриот дел се однесува на достапност на сметката за вода и санитација на населението за да може да ја плати.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)