Граѓаните не редовно плаќаат вода

Наплатата за последната сметка за вода е 37 проценти, загубата на вода изнесува  51 отсто, плаќаме заостанати долгови и извршни трошоци по основ на пресуди, правни и адвокатско-нотарски услуги, рече на вчерашната седница на Советот директорот на „Водовод“, Горан Стојковски, во врска со тримесечниот извештај за финансиското работење на јавното претпријатие.

-Наплатата за последната сметка за вода е 37 отсто, ако се земе предвид телефон и интернет од 97 отсто, замислете со какви проблеми се соочуваме. Наплатата за сметка за вода оди,  прва наплата од 38 отсто, се зголемува до крај на годината  о 80 отсто каде влегува и наплата на сметка од претходните години и имајќи предвид дека загуба на вода е околу 51 отсто, можете да замислите кои ни се вистинските финансиски можности, но тоа ни дава правец на кој мора да работиме во нареден период на кој се работи, рече Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“

Според советникот Драган Петковски , три месеци е краток временски период да се донесе заклучок дали едно претпријатие работи добро или лошо. 

-Од она што ни е доставено имам две работи кои би сакал да прашам. Суматa потрошена за плати и надоместоци за оваа година е намалена за 5 отсто од претходната година. Гледам дека една ставка останати трошоци за работење што е општа ставка е зголемена скоро за три пати. Ставката е општа немаме конкретно зошто се потрошени овие средства, рече Драган Петковски, советник

-Има намалување на плати во однос на предвремено пензионирање, пензионирање и сите оние позиции каде се заминати работници каде не се потребни за непречено работење, тие позиции не се пополнети, односно е направено преструктурирање да може непречено да се работи и да не се добиваат позиции кои не се потребни во овој момент. Трошоци кои се однесуваат за ангажирање работници преку агенција. Имаме агенција со 1 отсто провизија што е за нас огромен успех, претходно се работело со 10 отсто. Тука се трошоци за ангажирање, интелектуални услуги, тарифи за регулаторни услуги, плаќаме заостанати долгови и извршни трошоци по основ на овие пресуди, тука се правни и адвокатско-нотарски услуги, согласно закон за адвокатура и нотарски услуги за секоја тужба која е над 6.000 денари мора да има потпис од адвокат, претходно мораше самото јп сега со закoнски измени, услуги за преписи и вештачење. Оваа ставка ги опфаќа сите овие делови затоа и доаѓа до зголемување, сите наши обиди да дојде до не тужење не вроди со плод во 2017-та , рече Стојковски.

Во првите три месеци , потенцираше Стојковски, тужени се сите правни и физички лица, со цел на непопуларен начин да се дојде до зголемување на приходите на јавното претпријатие „Водовод“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)