Граѓаните пријавуваат прекршување на правата

Намален е бројот на граѓаните кои минатата година имале поплаки до заменик народниот правобранител во Куманово дека им е повредено правото споредбено со претходната година. Според Насер Весељи од вкупно 216 претставки, поголемиот број се однесуваат на поплаки од граѓаните во областа на правосудството, потоа следуваат  финансии и царина, па поплаки од осудените лица во казнено поправните установи.

-Најголем број на претставки има во правосудство, по 62 претставки постапувавме од кои  57 до 31 декември се завршени  или износот на завршени претставки во оваа област е 91,94 проценти, потоа финансии и царина,42 претставки  од кои 40 се завршени, две остануваат на работа , а тоа значи над 95 завршени предмети, потоа следуваат казнено – поправни установи. Овде има зголемување на претставките , од 28 завршени  се 24 или 81 процент, изјави Насер Весељи, заменик народен правобранител

Канцеларијата на заменик народниот правобранител не постапува само по поплаки од граѓаните, туку  и по сопствена иницијатива. Минатата година правобранителот  постапувал по сопствена иницијатива во три случаи за кои што дознал од медиумите. После испитувањето на фактичката состојба било утврдено дека во еден случај немало прекршување на правата.

Инаку, од вкупно 216 претставки поднесени до канцеларијата на заменик народниот правобранител во Куманово, до 31 декември  лани биле завршени 191 или во проценти 88,5. Поголемиот број од претставките што останале нереализирани  биле поднесени пред крајот на годината,  потенцира Весељи.

-По етничка  припадност , Македонци -70, Албанци -69, Роми -9, Срби -3, Црногорци- 1, еден странец од Р.Србија. Трендот постојано е ист, само кај Србите е многу намален. Гледано по полова припадност, жените се уште слабо поднесуваат претставки,  мажи 147 или 75,67 проценти, жени 61 или 29, 33 проценти. По место на живеење има голема диспропорција- од урбана средина или градови 116, од рурална  средина само 58 или една третина од вкупно поднесени претсатвки. По општините исто така голема диспропорција – Куманово -128, Липково -34, К.Паланка- 9 , од Скопје што доаѓаат 6, Старо Нагоричане – 4 , Свети Николе -еден процент, Ранковце едно лице, Кратово една претставка. Во Крива Паланка одиме најмалку еднаш месечно. Опшината ни обезбедува канцеларија, имаме успешна соработка, изјави Весељи.

Канцеларијата во Куманово функционира повеќе од една деценија, а Насер Весељи е на функцијата од јули 2007. Оттаму велат дека ефектот од оваа институција е позитивен бидејќи граѓаните се повеќе се свесни за евентуалното прекршување на нивните права, но и честопати доаѓаат во канцеларијата само да се заблагодарат на вработените што успеале да ги остварат правата. Во последните години многу е подобрена и соработката со јавната администрација.

Тој ги повикува граѓаните секој работен ден од 08 до 16 часот да побараат помош доколку сметаат дека одредено право им е прекршено. Порачува – да водат сметка за почитување на нивните права, а во спротивно да покренат иницијатива.

Коментари

коментар(и)