Граѓаните редовни плаќачи на даноците и таксите

Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат најголемиот дел од давачките кон општината. Тука не станува збор само за данокот на имот, наследство или подарок туку и плаќањето на разни комунални такси, велат од Секторот  за администрирање приходи во општина Куманово.  По основ на разни даноци и такси на општинската сметка досега легнале околу  150 милиони денари, а се планира сумата да се зголеми за уште 5 милиони денари до крајот на годинава.

-Овие податоци се од 30.10.2015, за данок на имот на физички лица имаме околу 24 864 710 денари, за правни лица 8 560 585 или околу 33 425 000, очекуваме оваа ставка до крајот на оваа година да се приближи на минатогодишното  ниво од 50 милиони, оваа година порасна данокот на промет бидејќи имавме неколку продажби на поголеми компании така што севкупно таа ставка е околу 63- 64 милиони , мислам дека до крајот на годината ќе се исполни она што е планирано во буџетот од 75 милиони, комунални такси се на 10 милиони и другите такси како што се за вршење на дејност при деловни простории 2,5 милиона, надоместоци 3 милиони, една поголема ставка е кога регистрираме возила онаа комунална такса за користење на улици со патнички и товарни возила или севкупно околу  117 милиони денари она што се одделение за администрирање на приходи и други одделенија ги собираат како приход за општина Куманово по основ на даноци и такси и други надоместоци , изјави Зоран Павловски, раководител на Сектор за админстрирање приходи во општина Куманово

Надлежните посочуваат дека до сега по основ на такса за привремен престој или туристичка такса во општината пристигнале околу 370.000 денари што е значително поголема сума од минатогодишната кога приходите по овој основ изнесувале 200.000 денари.

Доколку некои граѓани или правни субјекти не ги испочитуваат  крајните рокови и опомените од надлежните служби се блокираат сметките на должниците кон општината.

 -Сега ние блокираме за она што е останато за 2014 година значи во 2015, претходно доставуваме опомена, апелираме  на тв и ако после и една година тоа не се измири, значи после опомена се подготвуваат решенија  за блокада, се доставуваат прво на граѓаните или на правни субјекти, после тоа во рок од месец дена се доставуваат и до комерцијални банки за блокирање на сметките, така што овие денови ќе отпочне блокада по основ на комунална такса, исто така ќе отпочне блокада и за данок на имот на правни лица очекувам веќе и втората недела, изјави Зоран Павловски, раководител на Сектор за администрирање приходи

Деновиве се носат решенијата за данок за имот за оваа година, се очекува до крајот на месецов да бидат доставени до сите граѓани и правни лица  така што ќе имаат можност да ги платат или пак да реагираат доколку има некоја грешка во документот. Инаку, како што информираат од секторот веќе е испроектирано во буџетот за наредната година приходите да изнесуваат околу 161 милион денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)