Граѓаните се за унитарна Македонија

– Нема да дозволиме мешање во внатрешните работи и уредувањето на Македонија. Силно ги осудуваме изјавите на политичариte од соседни земји за тоа каков Устав и какви закони треба да има нашата земја, порача од синоќешниот марш , Жарко Милошевски од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија . Кумановци и синоќа се приклучија на иницијативата  и упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на т.н. тиранската платформа.

– За оваа држава се бореле генерации, сега останува обврската да се зачува државата. Оваа е историски момент, зашто се бориме за иднината на Македонија и нејзиниот опстанок како унитарна држава. Само единствена, унитарна, самостојна држава е најдобро решение за македонскиот народ и за сите кои живеат на оваа територија, изјави Жарко Милошевски, граѓанска иницијатива

Граѓаните вчеравечер маршот го почнаа од Соколански парк, поминаа низ централните булевари и улици и како претходните вечери го завршија пред платото на Центарот за култура„

Тие уште еднаш кажаа дека НЕ сакаат двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Освен во Куманово, протестите „За заедничка Македонија “ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)