Граѓаните се редовни плаќачи на даноците

Три милиона и сто шеесет илјади денари повеќе се собрани во општинската каса минатата година споредбено со 2015-та по основ на разни даноци, комунална такса и останати давачки.  Растот од 2,33 проценти не е голем, велат од Секторот за администрирање приходи, но евидентно е дека  последниве неколку години  континуирано се собираат повеќе пари што значи дека граѓаните фирмите и сите останати таксени и даночни обврзици стануваат посериозни и ги подмируваат навремено своите давачки кон општината.

-По ставки,  данок на имот за физички лица во 2016 година е 41.008.705 денари,  а за правни лица 12.116.568 денари или вкупно 53.125.273 и тоа ни беше целта до пред некоја година да ја поминеме рамката од 50 милиони денари . Веќе од оваа година мислам дека ќе ја зголемиме целта до 60 милиони денари,  што ќе биде навистина извонреден резултат иако и овој резултат е добар и тоа е некаде над 75 проценти за физички лица  или речиси  80 проценти за правни лица, изјави  Зоран Павловски, раководител на Сектор за администрирање приходи

Пораст од околу еден милион денари  е регистриран и кај данокот на промет  и по тој основ во 2016 –та година  биле собрани од граѓаните на општина Куманово 80. 230 .095 денари.

-Комунална такса 14.795.771  исто малку во пораст или она што го собира исклучиво даночно одделение 148.151.139 додека 2015-та година беше 144.990.000 денари . Она што  го администрира даночно одделение значи завршуваме оваа година со 159.752.132 денар  и тоа е три милиона и шестотини повеќе од минатата година кога собравме 156.125.299 денари изјави Павловски.

Од секторот за администрирање приходи информираат дека за околу две недели ќе почнат да се опоменуваат граѓаните и правните лица за неплатен данок на имот за минатата година , потоа ќе следуваат опомени за комунална такса , ќе се дистрибуираат редовните решенија за данок на имот и комунална такса , а оние кои што и после опомените нема да ги подмират своите давачки кон општината на почетокот на летниот период може да очекуваат блокада на сметките по основ на неплатен данок на имот и комунална такса. Надлежните очекуваат оваа година да биде подобра од претходната и да бидат собрани повеќе пари во општинската каса од лани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)