Граѓаните со апел за обнова на детските игралишта

Нефункционални лизгалки и лулашки, искршени клупи за седење и останата комунална опрема е сликата што на прв поглед се забележува на детските игралишта во Куманово. Иако ги има во минимален број,  само три во централното градско подрачје што ни од далеку не соодветствува на бројот на децата  кои што можат своето слободно време да го поминат на игралиште,  сепак тие се речиси празни. Дури и оние  дечиња кои што доаѓаат со своите родители се задржуваат неколку минути и разочарани од нефункционалноста на игралиштата си заминуваат. Ги прашавме редовните посетители има ли доволен број на детски рекреативни катчиња  во градот и дали се задоволни од опременоста на  постојните игралишта.

-Состојбата не е в ред бидејќи се е искршено , лулашките се искршени, клацкалиците исто така . Треба едно реновирање да има и така децата да бидат задоволни со играње ,изјави анкетиран  граѓанин.

Од општина Куманово во чија надлежност се игралиштата велат дека одамна е подготвен проектот  за комунална опрема , меѓутоа поради актуелните политички случувања , неговата реализација не може да отпочне.

Со првите можности ќе го пуштиме во процедура тендерот за комунална опрема , клупи , кошнички за смет, детски игралишта имаме делови, сега имаме најава дека во јули или август ќе имаме уште еден тренинг центар или фитнес центар  на отворено, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

За разлика од игралиштата на кејот и кај Соколана, во многу подобра состојба е детското рекреативно катче кај градскиот стадион со оглед на тоа што ова игралиште е поставено пред нецела година, во август лани. Детското игралиште е донација на невладина организација, а одобрение за поставување на урбаната опрема издала општината Куманово.

Сега само останува апелите од кумановци за реконструкција на детските игралишта да вродат со плод и набрзо нивните деца и внуци да си играат во детски катчиња опремени со современи реквизити за детска игра.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)