Граѓаните сè повеќе се свесни за своите права

Граѓаните во шесте општини од Североисточниот регион годинава најповеќе се жалеле на повреда на правото од областа на социјалната заштита и сигурност, на второ место е правосудството, а потоа следуваат повреда на правото во областа на финансиите и царината. Насер Весељи, заменик народниот правобранител вели дека годинава бројот на поднесени претставки до канцеларијата во Куманово е речиси ист како и минатата година.

-До вчера имаме вкупно поднесено претставки од граѓаните 220, од кои за 177 е завршена постапката што претставува 80, 5 отсто, а се уште се работи на тие кои пристигнале подоцна 43 предмети односно 19,5 проценти. Најмногу имаме годинава во социјална заштита и сигурност и карактеристично е тоа што судствато првпат не е на прво место. Имаме 41 претставка 18,6 пропценти од вкупниот број поднесени, зголемувањето на бројот се однесува на тоа што минатата година Владата донесе посебен закон со кој на граѓаните од пониските социјални категории им ги прости долговите, луѓето поднеле барања но многу луѓе се одбиени неосновано, изјави Насер Весељи, заменик народен правобранител

Што се однесува до правосудството, годинава помал е бројот на претставките кои се однесуваат на одолговлекување на постапките, а многу повеќе се однесуваат на работата на извршителите бидејќи тие често ги блокираат сметките на одредена категорија граѓани на кои по Законот за извршување немаат право да им го направат тоа, тука спаѓаат корисниците на социјална помош, студентски кредити, стипендии и други.

Повреда во областа на потрошувачки права, полициска постапка и овластувања, имотно правни односи, урбанизам, здравстевно осигурување и заштита, казнено поправни установи се исто така дел од  22-те области  во кои може да реагира заменик народниот правобранител доколку граѓанинот смета дека му е повредено правото.

– Од завршените предмети имаме 73 по член 35, сме констатирале дека постојат одредени права од органите кои се завршени успешно, не сме констатирале повреда на правото 72 или 40,1 проценти, 14 предмети – не сме започнувале постапка, а сме примиле претставка- некомплетна претставка а не се јавува интерес  кај подносителот да ja продолжи постапката, има случаи кога ја повлекуваат претставката, подносителот починал, или во меѓувреме ако го остварил правото на некој друг начин, изјави Весељи.

Доколkу се направи споредба помеѓу бројот на претставките поднесени од граѓаните во урбаната и руралните средини, двојно поголем е бројот на поплаките од луѓето кои живеат во градска средина, вели заменик народниот правобранител .

Канцеларијата во Куманово функционира повеќе од една деценија, а Насер Весељи е на функцијата од јули 2007. Тој ги повикува граѓаните секој работен ден од 08 до 16 часот да побараат помош доколку сметаат дека одредено право им е прекршено.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)