Граѓани на Кочани се информираа за легализација

Во рамки на проектот Поддршка за легализација на ромско домување, претставници на Националниот ромски центар вчера ја посетија општина Кочани, при што ги инфомираат граѓаните за нивните права. Проектот кој се реализира со финансиска поддршка на Европска унија, го спроведува НРЦ, заедно со Симбиозис 12 и ОРМ Бела кула во Кичево.

-Денеска карванот од проектот Поддршка за легализација на ромско домување финансирано од делегација на Европската унија а спроведен од Националниот ромски центар заедно со Симбиозис 12 и ОРМ Бела кула од Кичево, се наоѓаме во Кочани, каде граѓаните покажаа голем интерес за легализација на нивните домови. Се јавуваат големи проблеми каде делуваме во шест општини, во речиси сите општини се јавуваат истите проблеми-истакнаа од НРЦ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)